Connect with us

Живот

Заеднички автомобил обединува француско село и ги намалува трошоците

Во француското село Пон-де-Баре, со едвај 300 жители на југоистокот од земјата, триесетина соседи најдоа едноставно, но ефективно решение за секојдневниот превоз, делат еден заеднички автомобил. 

Проектот е целосно локален и произлезен од самите мештани, заснован на меѓусебна доверба, солидарност и одржлив начин на живеење. Возилото, од приватна сопственост прерасна во заеднички ресурс достапен за сите членови на иницијативата. Зад идејата стојат група соседи кои сакале да ги намалат трошоците и зависноста од личните автомобили. Начинот е едноставен: корисниците плаќаат 25 центи по изминат километар, сума што ги покрива исклучиво трошоците за гориво, одржување и евентуални поправки. Нема членарини, договори или резервации. Клучевите од автомобилот се чуваат во селскиот бар, кој со текот на времето стана неформален центар на иницијативата и симбол на заедничкиот дух во селото.

Покрај очигледните финансиски заштеди, особено значајни во услови на високи цени на горивото, овој проект придонесува и за заштита на животната средина така што споделувањето на едно возило го намалува бројот на автомобили на патиштата и емисијата на штетни гасови, многу значајно за руралните средини каде што јавниот превоз речиси и не постои. Според жителите, најголемата вредност е од социјален карактер, со тоа што се зајакнале меѓусебните односи, поттикнувајќи комуникација, координација и доверба, и повторно се разбудило чувството на заедништво што со годините полека исчезнувало.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2