Connect with us

Регион

CIVICUS Monitor: Србија е држава „под репресија“

Србија „падна“ во оценката на граѓанскиот простор од „опструиран“ во – „под репресија“,  според најновиот извештај на меѓународната истражувачка платформа CIVICUS Monitor, што ја следи состојбата на граѓанските слободи во 198 земји и територии, објавија Граѓанските иницијативи.

Категоријата „под репресија“, втората најниска можна, ги опишува земјите каде што слободите на изразување, собирање и здружување се строго ограничени, а спротивставувањето на властите може да доведе до сериозни последици, како што се насилство, гонење или затворање.

Во 2025 година, Србија беше меѓу 50-те земји со таа оценка, заедно со Грузија, Зимбабве, Пакистан и Ел Салвадор, се наведува во соопштението.

„Намалувањето на рејтингот за Србија претставува пресвртница. Властите повеќе не се обидуваат само да ги потиснат критиките, туку активно го задушуваат правото на слободно изразување, здружување и протест“, рече Ине Ван Северен, раководителка на истражувањето.

Според неа, држава што тврди дека се стреми кон демократија не смее да ги прогонува граѓаните затоа што тие бараат одговорност.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1