Connect with us

Регион

Народното собрание на Србија го усвои буџетот за 2026 година

Со 143 гласа „за“  и 39 „против“, пратениците во српскиот Парламент го изгласаа Законот за буџетот за 2026 година со придружните документи.

Планирано е приходите во буџетот за следната година да изнесуваат вкупно 2.414 милијарди динари, додека расходите ќе изнесуваат 2.714 милијарди динари. Буџетскиот дефицит во наредната година е планиран на 337 милијарди динари или околу 2,9 милијарди евра.

Планираните вкупни приходи од 2.414,7 милијарди динари се за 4,2 проценти повисоки од проценетите за оваа година.

Најголемиот дел од приходите на буџетот го сочинуваат даночни приходи од 2.080 милијарди динари.

Следната година, според предлогот на буџетот, државата ќе се задолжи со 970 милијарди динари или 8,3 милијарди евра. Најголемиот дел ќе оди за отплата на доспеаниот долг од 809 милијарди динари или околу 6,9 милијарди евра. Остатокот ќе се потроши за финансирање на дефицитот во наредната година. 

Најголемите буџетски расходи се за вработените и ќе изнесуваат 656 милијарди динари. Поради зголемувањето на платите во јавниот сектор од јануари, расходите за плати ќе се зголемат за 11,5 проценти во споредба со 2025 година.

Вториот најголем трошок во категоријата тековни расходи е претставен со субвенции од државата Србија за задолжително социјално осигурување во износ од 395 милијарди динари, што е за 11 проценти повеќе отколку во 2025 година. 
За субвенции се планирани 214,5 милијарди динари, најмногу од нив за земјоделците – 116,5 милијарди динари.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3