Connect with us

Регион

Бериша бара расправата на Уставниот суд за случајот „Балоку” да биде на отворена седница за јавноста, обвинувајќи го Рама за притисок врз судот

Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската, Сали Бериша, во име на опозицијата и како што рече, граѓаните, го повика Уставниот суд разгледувањето на прашањето „Балуку” да биде на отворена седница за јавноста.

Тој обвини дека Уставниот суд, под притисок на премиерот Еди Рама, одлучил да го разгледа прашањето за суспендирање на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку.

Смета дека Уставниот суд не требало да ја прифати жалбата потпишана од самиот премиер Рама, кој според Бериша „треба заедно со целиот владин кабинет, кој е потонат во корупција и криминал, веднаш да си поднесе оставка”.

Уставниот суд денеска одлучи да го прифати барањето на владата за испитување на одлуката уставноста во случајот „Балуку”, донесена од Специјалниот суд против корупција и организиран криминал на Албанија (GJKKO) за   суспензија од функцијата и забрана за напуштање на земјата.

Одлуките беа донесени откако на 31 октомври, Специјалното обвинителство против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) објави дека ја обвини Балуку за кршење на еднаквиот третман на учесниците во тендер или јавна набавка.

Одговарајќи на обвинувањата за притисок врз Уставниот суд, премиерот Рама, преку објава на социјалните мрежи, нагласи дека „нема втор случај во светот обвинител или судија да суспендира член на владата од функцијата”.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1