Забава
Продолжува намалувањето на продажбата на разгледници во ЕУ
Во текот на 2024 година во Европската Унија биле продадени разгледници во вкупна вредност од 60 милиони евра, што претставува намалување за 15 отсто во споредба со претходната година, кога од оваа продажба бил остварен приход од 69 милиони евра.
Според Европската статистичка служба – Евростат, со оваа продолжува тенденцијата на пад на продажбата на разгледници во ЕУ што започна во 2014 година. Исклучок од овој тренд беа годините за време на ковид пандемијата, кога беше забележан раст на продажбата на разгледници, која во 2022 година достигна 81,3 милиони евра.
Од тогаш се бележи намалување на прометот со разгледници, а според првичните прогнози се очекува тој тренд да продолжи и годинава.
Напоредно со ова, во посочениот период од 2014 до 2024 година, се бележи раст на бројот на вработени во поштенските и курирските служби.
Така во секторот „поштенски и курирски услуги“ во ЕУ во 2014 година биле вработени 1,4 милиони луѓе, а лани нивниот бој се искачил над 1,45 милиони. Секторот „поштенски и курирски услуги“ опфаќа подигање, транспорт и достава на писма и пакети.
декември 2, 2025

