Connect with us

Хроника

Обдукција ќе ги утврди причините за смртта на жената пронајдена во Вардар

Во СВР Велес вчера во 14 часот било пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на село Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес.

Како што информира попладнево портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес и по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

Инаку претходно информација за најдено тело на починато женско лице добивме од ТППЕ Велес, а информацијата ни беше потврдена и од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, дека пронајденото тело е предадено на обдукција.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4