Хроника
Алкохолизиран жител на Кочани предизвикал сообраќајка и избегал од местото на настанот
На 30.11.2025 во 18:23 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.С.(42) од Оризари, кочанско.
Претходно, околу 17:15 часот на магистралниот пат А3, во близина на крстосница „База Гранит“, тој со возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(56) од Кочани, по што го напуштил местото, информира МВР.
По преземени мерки, С.С: е пронајден во неговиот дом и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта, се наведува во соопштението на СВР Штип.
декември 2, 2025

