Connect with us

Свет

Путин подготвен писмено да се откаже од можноста за напад врз Европа

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е подготвен писмено да гарантира дека Русија се откажува од напад врз Европа како дел од дипломатските преговори.

Тој, пренеуса ДПА, рече дека е „лага“ и „целосна бесмислица“ да се тврди дека Русија има намера да ја нападне Европа.

„За нас тоа звучи смешно. Вистината е: Никогаш немавме намера да го сториме тоа. Но, ако сакаат да го чујат тоа од нас, тогаш ќе го документираме. Нема сомнение“, рече Путин на прес-конференцијата по завршувањето на неговата посета на главниот град на Киргистан, Бишкек.

Путин постојано ги отфрла обвинувањата од германски и други европски политичари дека Русија сака да нападне и други европски земји по Украина, потсетува ДПА.

Меѓутоа, неговите гаранции постојано се доведуваат во прашање на Западот, особено откако тој ја нападна Украина. Дури и пред инвазијата на Украина, тој тврдеше дека Русија нема намера да го стори тоа.

Тој, исто така, ја повтори својата подготвеност за мировни преговори.

Следната недела, претставници на САД се очекуваат во Москва на разговори за можен крај на војната што трае повеќе од три и пол години. Се очекува разговорите да опфатат и безбедносни гаранции за Украина и Европа.

Како основен предуслов за договор, Путин повторно го спомена повлекувањето на украинските трупи од покраините Доњецк и Луганск, во регионот Донбас, во источна Украина, јави ДПА.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3