Connect with us

Вести

Почна судењето за убиството на турскиот државјанин во центарот на Штип

Почна судењето за убиството на турскиот државјанин, кој беше убиен на 8 мај среде кафуле на Градскиот плоштад „Слобода” во Штип. Судењето на петмина обвинети, од кои еден за убиство, а четири лица како помагачи за извршување на убиството почна под силно полициско обезбедување. Четворица од обвинитете беа спроведени од Затворот во Куманово. Поради големиот интерес на медиумите и на роднините на обвинетите од земјава и Турција судското рочиште се одвива во големата судница на  штипскиот Апелациски суд. Во моментов судијата Јулијана Недкова од Основниот суд Штип го почна првото судско рочиште.  

Основното јавно обвинителство-Штип на 4 октомври поднесено обвинение за случајот. Според обвинението, по спроведена истражна постапка, ОЈО Штип поднесе Обвинителен акт за петмина турски државјани инволвирани во убиството на Енес Оздемир од Турција во мај годинава.

-Еден од обвинетите се товари за директно извршување на кривичното дело – Убиство од член 123 став 1, како и за неовластено држење на оружјето со кое било извршено убиството. Тројца од обвинетите му помогнале да го изврши кривичното дело и ќе одговараат за убиство во врска со членот 24, додека една обвинета се товари за помагање на сторителот по извршување на тешкото кривично дело. Првообвинетиот 21- годишник без регулиран престој во државава, на почетокот на мај од непознато лице во Скопје, неовластено купил полуавтоматско огнено оружје –пиштол со избришани податоци за модел и сериски број. Преку мобилни апликации се договорил со оштетениот на 8 мај да се сретнат во кафе бар во центарот на Штип, седнале на една од масите во аголот од летната тераса на кафе барот и разговарале околу 15 минути. Во еден момент обвинетиот отишол до тоалетот и веднаш се вратил, го извадил пиштолот и започнал да пука кон оштетениот, нанесувајќи му шест огнострелни повреди од кои починал, се вели во соопштението од ОЈО на 4 октомври.

Во него се наведува дека тројца обвинети, иако знаеле и биле свесни за неговите намери да го лиши од живот оштетениот, му обезбедиле логистичка поддршка за извршување на делото.

Кога првообвинетиот пристигнал во Скопје, на 30.04 му обезбедиле сместување во станот кој и тие го користеле подолг временски период претходно, а му помогнале и преку засега непознати лица да го набави пиштолот. На денот на убиството, со возило на еден од обвинетите, заедно го превезле до Штип.

-По извршување на убиството, со цел да не бидат откриени, ја повикале и петтата обвинета да ги превезе со друг автомобил во нејзина сопственост, па сите заедно се упатиле кон Скопје. Кога пристигнале пред наплатната рампа за патарина “Миладиновци“ и кога забележале дека на патарината е поставено полициско возило кое врши контрола, обвинетата иако знаела дека првообвинетиот е извршител на убиство и по него се трага, се обидела да му помогне да не биде откриен и фатен. Таа го запрела возилото на околу триста метри пред патарината, овозможувајќи му на директниот извршител да излезе и да почне да бега надвор од коловозот, покрај автопатот, каде подоцна бил пронајден и уапсен. Останатите продолжиле да се движат со возилото кон патарината и биле запрени од полициските службеници, кои започнале да ги легитимираат и да вршат преглед над возилото. Иако се обиделе да се дадат во бегство, сепак за кратко време биле фатени и лишени од слобода, пишува во соопштението од ОЈО Штип. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1