Connect with us

Регион

Орбан: Ако Унгарија има нафта, ќе има и Србија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Суботица изјави дека неговата земја зависи од увозот на нафта и гас, но дека резервите што ќе ги има ќе ги подели со Србија.

– Унгарија не располага со значајни извори на нафта и гас. Живееме од увоз, главно од Русија. Американците воведоа санкции, јас ќе имам две работи – да средам Унгарија да биде изземена од санкциите и да обезбедиме да има нафта, а не само дозволи. Ако Унгарија има нафта, ќе имате и вие, рече Орбан

Тој и српскиот претседател Александар Вучиќ им се обратија на новинарите откако во Суботица им беа доделени признанијата од Фондацијата „Иштван Пастор“ за унапредување на односите меѓу двете земји и народи.

Тој повтори дека Србија секогаш може да смета на помошта од Унгарија и додаде дека двајцата денеска на работниот ручек ќе разговараат за енергетската стабилност и мирот.

На новинарско прашање да ја прокоментира изјавата на неговиот шеф на кабинет дека унгарскиот МОЛ би можел да купи удел во НИС, тој рече дека таа одлука е на Србија.

– Ќе биде така како што ќе одлучат Србите, а во тоа со задоволство ќе учествуваме. Тоа е исклучиво ваша одлука, ние ви стоиме на располагање, рече Орбан.

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Гергељ Гулјаш, претходно изјави дека унгарскиот МОЛ би можел да купи удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во руска сопственост, а преговорите за тоа се во тек. Гулјаш на брифинг за новинари рече дека „може да постои можност за нормална пазарна трансакција, но преговорите се во тек“. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4