Connect with us

Хроника

Кавадарчанец возел со 1.62 промили алкохол во крвта

Кавадарчанец возел со 1.62 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 23:50 часот, на улица „Западен Булевар“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Л.П., 55-годишен кавадарчанец, затоа што при контрола на патниот сообраќај, констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол – односно му биле измерени 1.62 промили алкохол во крвта, појаснија оттаму.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што истакнаа, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1