Connect with us

Економија

Награди за македонски фирми на 56-от новосадски Саем на туризмот

Добитници од државава на награди на 56-от Меѓународен саем за туризам во Нови Сад:

Пехар на Саемот во Нови Сад – MЕРАКЗИ, Скопје, Македонија, за неговиот придонес во развојот на туризмот преку дигитална платформа.

ВАИКИКИ ТРАВЕЛ, Скопје – Македонија – пехар на Новосадскиот саем освоен за извонредност во организацијата и развојот на туризмот преку туристички аранжмани.

КАЛДРМА, Скопје, Македонија – пехар за својот придонес во развојот на туризмот преку концептот на разновидни барови.

РЕСТОРАН ДИОН, Скопје, Македонија, пехар за исклучителниот квалитет на ресторанските услуги.

ХОТЕЛ БУШИ РИЗОРТ, Скопје, Македонија, за нивниот придонес во подобрувањето на квалитетната туристичка понуда на Северна Македонија.

РЕСТОРАН ЈАВОР МРЗЕНЦИ – ПЕРО, Скопје, Македонија, пехар за 50 години традиција и придонес во развојот на македонскиот туризам.

ДЕБАРСКИ БАЊИ – ЦАПА, Дебар, Македонија, пехар за својот целокупен придонес во развојот на спа и медицински туризам

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ЖАН МИТРЕВ, од Скопје, Македонија, за нивниот придонес кон иновации и професионален пристап на клиниката како водечка дестинација за медицински туризам.

БЛИС ПАЛАС ХОТЕЛ & СПА, од Скопје, Македонија – пехар за највисоките стандарди во хотелската индустрија.

ОПШТИНА ОХРИД, го освои пехарот од саемот во Нови Сад за перспектива и јасна визија за развојот на градот Охрид – како привлечна туристичка понуда на Северна Македонија.

АУРОРА РИЗОРТ & СПА, Берово – за придонес во развојот на планинскиот туризам во Македонија.

КОМПЛЕКСОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО, Скопје, за значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на историското и културното наследство на Македонија.

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ, Скопје е награден за неговиот целокупен придонес во образованието и развојот на туристичкиот сектор преку примена на научен пристап.

РЕСТОРАН СТАРА КУЌА, Скопје, пехар за комбинацијата од гостопримство и зачувување на културните вредности на Северна Македонија.

ХОТЕЛ ХОЛИДЕЈ ИН, Скопје – за целокупниот придонес кон квалитетот и развојот на туристичката индустрија.

Околу 250 излагачи од 10 земји – Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Унгарија, Романија, Северна Македонија, Грција и Русија – се на Новосадскиот саем за туризам .

Држава партнер е Република Северна Македонија, а Министерството за култура и туризам на Северна Македонија ќе ја претстави својата туристичка понуда.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3