Connect with us

Свет

Противречни оценки за штетите од тридневниот штрајк во Белгија

Белгискиот бизнис сектор проценува дека тридневниот штрајк во Белгија, што започна вчера и ќе трае до утревечер на полноќ, ќе и нанесе штети на националната економија од повеќе стотици милиони евра.

Фламанската организација на работодавците ВОКА истакнува дека според груби проценки штрајкот ќе предизвика штета од речиси половина милијарда евра.

– Ако ја разгледуваме економската активност што белгиска економија вообичаено ја генерира во еден ден и ако претпоставите дека една третина од вработените штрајкуваат, што носи една третина „загубената работа“, доаѓаме до половина милијарда евра директна штета од штрајкот, изјави главниот економист на Вока, Барт Ванкрајнест за јавниот радиодифузен сервис ВРТ.

Унијата на индивидуални претприемачи, пак, проценува дека економската штета од еден ден штрајк е „стотици милиони евра“.

Меѓутоа економистот Герт Пирсман од Универзитет во Гент смета дека ваквите пресметки за економската штета од штрајкот треба да се земат со резерва. Тој не негира дека штрајкот ќе и нанесе загуби на белгиската економија, но нагласува дека не е едноставно да се одреди нејзината висна, бидејќи во пресметката на штета има премногу варијабли.

Пирсман посочува дека на пресметката на висината на загубите, на пример, не влијае само тоа колку вработени учествуваат во штрајкот, туку и каква и колкава е нивната улога во работниот процес.

Според него, генерално штетите се поголеми во индустријата, каде отсуство на работниците би го нарушило целиот производствен процес, додека во услужниот сектор економските загуби се помали и полесно надоместливи.

– Едноставно земете го образованието, на пример. Ако часовите во еден ден се откажани, материјалот предвиден за тогаш ќе се предава на други часови, изјави Пирсман за ВРТ.

Белгиското Федерално биро за планирање, исто така, проценува дека компаниите ќе имаат штети од штрајкот, но дека тие не се ненадоместливи.

– Од макроекономска перспектива, овие штети се помалку значајни и се фактор на неизвесност, како и многу други појави, посочи Бирото. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3