Connect with us

Вести

Претставена Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, како петгодишен план за развој на соработката со претставниците од дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство.

Министерот Муцунски посочи дека тоа не е само документ, туку презентација на одлучноста на државата вистински, системски и долгорочно да се посвети на иселениците.

– Ова не е Стратегија напишана зад затворени врати, туку во партнерство: институции, експерти, организации, професионалци и, најважно, дијаспората. Таа значи дека Владата ги слуша вашите потреби, предлози и критики. Оваа Стратегија значи дека државата се менува кон модерна, дигитална, достапна и доверлива администрација. Значи дека државата создава систем, а не импровизација; партнерство, а не протокол; долгорочна визија, а не ад-хок мерки“, додаде рече Муцунски.

Тој  ја посочи културата како најсилниот дипломат на државата, бидејќи ја пренесува нејзината душа и идентитет, кој продолжува да живее и преку дијаспората.Според него институционалната поддршка за културата, образованието и јазикот е клучна, бидејќи токму јазикот и знаењето се корените што ја чуваат нашата посебност во глобализираниот свет.

Стратегијата, како што рече, ја зајакнува националната самобитност и преку развојот на спортот и спортската дипломатија, чии успеси допираат до милиони. Притоа истакна дека со инклузивниот пристап при изработката на документот, државата се гради заедно со сите граѓани, без разлика дали живеат во земјата или во странство, гледајќи на дијаспората не како на „заминати“, туку како мостови на соработка, амбасадори и партнери.

На јавната дебата свои обраќања имаа и неколку министри од клучни ресори важни за подобрување на односите на матичната земја со дијаспората.

Во рамки на собирот претставниците од дијаспората, граѓанскиот сектор и академската заедница имаа можност да дебатираат на темите опфатени во Стратегијата, која во следните неколку дена ќе биде отворена за јавноста, а секоја заинтересирана страна ќе може да даде дополнителен придонес за нејзино понатамошно подобрување.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2