Connect with us

Економија

Нова граѓанска обврзница на почетокот на декември, најавува министерката за финансии

Нова граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на граѓанска обврзница и дека деталите ќе бидат познати кога ќе биде објавен проспектот. 

– Граѓаните во изминатиот период во континуитет го поставуваа прашањето до Министерството за финансии дали ќе има нова граѓанска обврзница. Тоа значи дека на некој начин културата на инвестирање кај граѓаните се менува и очекувам таа иста група на граѓани, која не е повеќе од 2000 лица, повторно да инвестира и тоа не е некој голем износ, истакнува Димитриеска-Кочоска во интервју за телевизија 24.

Министерката сподели дека од унгарскиот заем наменет за поддршка на домашните компаниите досега се пласирани 190 милиони евра и оти целта е постигната да се поддржат компаниите да инвестираат и да продолжат со својата дејност.

– Преку бројки сме докажале дека сме ја погодиле целта. Ако податоци за БДП покажуваат дека имаме огромни раздвижувања, ако статистичкиот индикатор во градежништво покажува дека имаме раст во градежништвото тогаш сметам дека сме ја постигнале целта, а тоа е да помогнеме на приватниот сектор, којшто долгорочно би размислувал да остане тука бидејќи нашата цел беше да им дадеме на компаниите помош да инвестираат, да не размислуваат да затвараат и да се префрлаат во други земји. Преку овие инвестиции таа цел е постигната, потенцира министерката.

Во однос на средствата од унгарскиот заем наменет за поддршка на реализација  на проекти во општините, Димитриеска-Кочоска посочува дека во 2024 година се реализирани 21 милион денари и 2,2 милијарди денари во 2025 година, но нагласува дека на терен реализацијата може да е поголема и дека тоа ќе се види во наредниот период.

Според Димитриеска-Кочоска, јавниот долг не треба да загрижува кога има проектирани стапки на раст коишто ќе се остварат.  – Нема поголем доказ од растот на БДП дека Владата работи правилно. Јасно е дека стапките на БДП отсликуваат дали политиката е добр, оценува министерката за финансии.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3