Connect with us

Вести

Андоновски: Уште во првата недела од повикот околу 40.000 студенти го добиле својот вредносен ваучер за електронски уред

Уште во првата недела од повикот околу 40.000 студенти го добиле својот вредносен ваучер во износ од 15.300 денари, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Како што соопштуваат од Министерството, Андоновски на гостување во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, се осврнал на проектот наменет за студенти којшто го предводи Министерството за дигитална трансформација во соработка со други институции и нагласил дека покрај студентите кои веќе го добиле својот вредносен ваучер, предвидени се 55.000 ваучери за електронски уреди за студенти, запишани на додипломски студии во учебната 2025/26 година.

Според Андоновски, ова е еден од најважните проекти кои што ресорното Министерство во соработка со Владата и Министерството за образование и наука го имаат реализирано, со цел да се овозможи секој студент да има пристап до електронски уред.

– Ова е еден од најважните проекти којшто се однесува на надминување на дигиталниот јаз. Често се зборува за тоа колку општеството напредува во дигитализација, а другиот дел заостанува затоа што некои лица немаат пристап до електронски уреди. И оваа идеја на претседателот Мицкоски ја реализиравме Владата, ГС на Владата со порталот uslugi.gov.mk, којшто го менаџираме ние како министерство и е доста успешен. Целта е да постигнеме 55.000 студенти на додипломски студии да добијат ваучери за електронски уреди, посочи Андоновски.

Во врска со тоа како се одвива процесот, тој истакна дека оваа мерка е една од најпопуларните мерки досега направени во делот на дигитализација.

– Според податоците, нешто помалку од 40.000 апликации се веќе успешни, 40.000 студенти го добиле својот ваучер, и можат да го искористат во продавниците. Навистина е еден предизвикувачки процес, можам да кажам дека во првиот ден имавме околу 15.000 апликации само тој ден, што споредбено со 2023 година го надминува бројот на годишни апликации на порталот, значи порталот во даден момент немал толку голем број на апликации, што го покажува интересот на граѓаните и студентите да аплицираат, вербата во институциите дека ќе добијат ваучер, нагласи Андоновски.

Рокот за аплицирање за вредносен ваучер од страна на студентите, како што кажа министерот, е до 20 декември годинава, но со ваквата динамика, според министерот, ваучерите ќе се подигнат до првата недела од декември. Искористувањето на ваучерите, пак, ќе биде со рок до 31 декември оваа година.

– Оваа мерка е многу успешна мерка, а овој пристап е оној вистинскиот. Да им понудите на луѓето можност да си обезбедат за себе, за своето семејство, електронски уред за учење или работа, а потоа да овозможите и бизнисот да се развива затоа што тие ваучери може да се користат насекаде низ државата кај секој економски оператор кој аплицираше претходно, а тоа се 15 практично најпознати провајдери, така што има можност и за раздвижување на економијата. Не спроведовме ние набавка, не го корумпиравме системот да ние избираме каков вид на електронски уред да користат, туку тоа го оставивме да биде во корист на студентите, заклучи Андоновски.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2