Вести
Средба помеѓу висока делегација на МВР и Амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати акредитиран за земјава, Абдула Атеек Алсубоуси
Висока делегација на Министерството за внатрешни работи, составена од шефот на кабинетот на министерот Ристо Ставревски и државниот советник во кабинетот на министерот Владимир Велковски, денеска во име на министерот Панче Тошковски оствари работна средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Обединетите Арапски Емирати со седиште во Рим Абдула Али Атек Обаид Алсубуси кој во периодот од 24 и 25 ноември е во официјална посета на нашата земја.
-На средбата беше потврдено дека билатералните односи и соработка меѓу Македонија и ОАЕ се со висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање со голем потенцијал за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, која особено се интензивираше со склучување на меморандумите за разбирање за борба против тероризам и за меѓусебно признавање и размена на возачки дозволи, информираат од МВР.
Ставревски ја истакнал и се заблагодари за поддршката и посветеноста на Владата на Обединетите Арапски Емирати, а особено на Министерството за внатрешни работи на оваа, како што рекол, пријателска земја на развојот на капацитетите на Министерството во борбата против организираниот криминал и екстремизмот, изразувајќи увереност дека истата ќе продолжи со несмален интензитет и во иднина.
Меѓу другото, на средбата било истакнато дека акцентот на билатералните односи меѓу двете држави е ставен на унапредување на економската соработка, особено, на привлекување арапски инвестиции во нашата земја.
ноември 24, 2025

