Connect with us

Вести

Потпретседателот на Собранието Милошоски на 4. Парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски, во придружба на заменикот на генералниот секретар, Бобан Стојаноски, учествуваше на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа, кој се одржа на 23 и 24 ноември 2025 година во Стокхолм, Кралството Шведска. Самитот се одржа на покана на Претседателот на Риксдагот, д-р Андреас Норлен, и Претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Четвртиот парламентарен самит претставува продолжение на претходните состаноци на овој формат, кои се одржаа во Загреб во 2022 година, Прага во 2023 година и Рига во 2024 година.

На Самитот учествуваа претставници на 41 државен парламент од целиот свет, како и парламентарни собранија на шест меѓународни организации.

Во рамките на Самитот, потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, имаше свое обраќање, при што се осврна на неколку клучни нивоа на кои се фокусира поддршката кон Украина. Тој, меѓу другото, истакна дека:

– е од исклучително значење Украина да се поддржи на вакви и слични меѓународни настани, каде се испраќа јасна порака дека Украина во оваа војна не е сама; победата на Украина е и наша победа, додека нејзиниот пораз би бил заеднички пораз на демократската заедница;

– секој од парламентите и секој поединец треба да најде начин да ја пренесе пораката до Соединетите Американски Држави за потребата од континуирана поддршка за Украина, сè до изнаоѓање на праведен и одржлив мир;

– за Европската унија е многу важно да го направи следниот чекор и да ги отпочне пристапните преговори со Украина;

– нашата земја, како и досега, ќе продолжи со својата поддршка кон Украина во рамките на своите можности – на воено, дипломатско и логистичко поле.

На крајот на Самитот, учесниците усвоија Заедничка декларација, преку која ја изразија својата решеност да продолжат со поддршката на Украина во напорите за враќање на мирот, суверенитетот и стабилноста на земјата.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1