Вести
Лажни дојави за бомби во две училишта и Музеј
Во СВР Скопје денеска околу 9 часот било пријавено дека на електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и Музеј, пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи.
-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – наведуваат од МВР.
Како што информираат од МВР, од страна на Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за тероризам, а преку секторот за меѓународна полициска соработка се преземаат мерки, односно се врши истрага во однос на тоа кој е сопственик на електронската пошта, односно од каде се испраќани лажните дојави за бомби.
ноември 24, 2025

