Свет
Сопственикот на „Дејли меил“ го купува „Телеграф“ за 500 милиони фунти
Конгломератот ДГМТ што го поседува весникот „Дејли меил“, денеска соопшти дека се согласил да го купи конкурентот „Телеграф“ за 500 милиони фунти, создавајќи една од најмоќните десничарски медиумски групи во Велика Британија.
Договорот доаѓа една недела откако инвестициската фирма со седиште во САД, „РедБрд Капитал Партнерс“, ја повлече својата понуда за „Телеграф“, еден од најтиражните британски весници.
Извор близок до „РедБрд“ изјави дека постојаното противење од страна на високи членови на редакцискиот персонал на „Телеграф“ ја натерало инвестициската фирма да се откаже од понудата.
Луѓе блиски до разговорите изјавија дека договорот вредел околу 500 милиони фунти. „Фајненшл тајмс“ објави дека цената е одредена за да може „Телеграф“ да ги врати парите што претходно ги инвестирал „РедБрд“.
Страните влегоа во период на ексклузивност за да ги финализираат условите на договорот и да ја подготват потребната документација, која очекуваат брзо да се затвори.
Портпаролот на РедБрд ИМИ изјави: „ДМГТ и РедБрд ИМИ работеа брзо за да го постигнат договорот објавен денеска, кој наскоро ќе биде доставен до Министерството“.
ноември 23, 2025

