Connect with us

Свет

На пристаништето во Лос Анџелес изби пожар на товарен брод

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас издаде наредба граѓаните од квартовите кои се во близина на пристаништето да не ги напуштаат домовите, да ги затворат прозорците и да ги исклучат клима-уредите, поради пожарот што избувна на товарен брод што транспортирал опасни материјали.

Наредбата се однесува за квартовите околу пристаништето, вклучително и за Сан Педро и Вилмингтон.

Крајбрежната стража на САД соопшти дека околу бродот „Уан Хенри Хадсон“ (One Henry Hudson) е создадена безбедносна зона во радиус од една морска милја.

Противпожарната служба на Лос Анџелес соопшти дека во пожарот нема повредени лица и оти се пронајдени сите 23 членови на екипажот. Во гаснењето на огнот учествуваа повеќе од сто пожарникари.

Сè уште е непозната причината за пожарот, но огнот избил под палуба, а потоа зафатил неколку нивоа од бродот, што довело до експлозија.

Бродот „Уан Хенри Хадсон“, со должина од 336 метри, е во сопственост на бродската компанија „Уан оушан експрес“ (One Ocean Express), со седиште во Сингапур. Бродот пред пристигнувањето во Лос Анџелес бил во јапонските пристаништа во Кобе, Нагоја и Токио.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4