Свет
Гутереш: Мирното решение за Украина мора да го зачува нејзиниот територијален интегритет
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на мирно решение за Украина за да се зачува нејзиниот територијален интегритет.
Гутереш го упати својот апел на прес-конференција во Јоханесбург, еден ден пред почетокот на самитот на Г20 таму.
Запрашан за американскиот план за мир во Украина, Гутереш рече дека планот сè уште не е официјално презентиран од Вашингтон или од некој друг.
Таквиот план мора да биде во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право, нагласи Гутереш.
ноември 22, 2025

