Connect with us

Свет

Полскиот амбасадор во Русија бил нападнат во Санкт Петербург

Полскиот амбасадор во Русија, Кшиштоф Крајевски, е нападнат во Санкт Петербург од група луѓе кои протестираа против полската поддршка за Украина.

Инцидентот се случил во неделата, на денот кога саботажата на железницата беше откриена во Полска, но пред полската Влада официјално да ја обвини Русија за инцидентот, пишува „Notes from Poland“.

Крајевски, кој е амбасадор од 2021 година, бил на пат кон католичката црква „Света Катерина“ за да присуствува на миса на полски јазик по повод Денот на независноста на Полска, што се славеше на 11 ноември. На пат кон црквата, амбасадорот бил „опкружен од агресивна група демонстранти кои носеле транспаренти со антиполски и антиукраински слогани“, наведува дневниот весник „Газета Виборча“, првиот што објави за инцидентот.

Демонстрантите вербално го нападнале Крајевски поради поддршката на Полска за Украина, а потоа, „во еден момент, неколкумина од нив се обидоа и да го удираат амбасадорот“, додаде весникот.

Физичкиот напад бил спречен од страна на службениците на Полската служба за државна заштита (СОП), кои постојано го придружуваат амбасадорот од влошувањето на односите со Москва по руската инвазија на Украина.

„Тоа беше најсериозниот инцидент од ваков вид по подолго време“, изјави неименуван извор од полското Министерство за надворешни работи за „Газета Виборча“, додавајќи: „само интервенцијата на обезбедувањето спречи амбасадорот да биде претепан“.

Портпаролот на министерството, Мацеј Вевиор, го потврди инцидентот. „Агресивната група со транспаренти… сакаше да премине од вербален кон физички напад, но беше спречена од Службата за државна заштита“, рече тој.

„Вчера, за време на состанокот со рускиот вршител на должноста амбасадор, полската страна го изрази своето негодување“, додаде Вевиор. „Како одговор, ни беше кажано дека вакви ситуации „не треба да се случуваат“.“

До вчерашниот официјален состанок дојде затоа што полското Министерство за надворешни работи достави официјална нота до Русија со која се наредува затворање на конзулатот во Гдањск. Варшава го оправда потегот како одговор на најновиот чин на саботажа на Москва во Полска. Претходно, од слични причини, руските конзулати во Познањ и Краков беа затворени, што значи дека отсега во Полска ќе работи само руската амбасада во Варшава.

Како одговор на обвинувањата дека стои зад железничката саботажа, руската Влада ја обвини Полска за „русофобија“ и вети дека ќе преземе „реципрочни мерки“ во врска со затворањето на конзулатот во Гдањск.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1