Свет
Буданов: Досега Европа не се подготвуваше сериозно за војна на сопствена територија
Началникот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов денеска изјави дека досега Европа не се подготвувала за војна на своја територија за разлика од Русија.
– Европа не се подготвуваше сериозно за војна на своја територија. Никој во Европа не се подготвуваше за војна на територијата на континентот. И не каква било војна, туку сериозна. Апсолутно никој. Русија се подготвуваше, додека Европа не се подготвуваше, нагласи Буданов.
Тој додаде дека тоа било поради заблуда за безбедносните и одбранбените прашања.
– Знаете, отсекогаш било вака. Сите империи отсекогаш мислеле дека се најсилни и најмоќни. Барем така изгледало. И сите имаат едно заедничко – престанале да постојат поради заканата од варварски инвазии, а варварите отсекогаш победувале, бидејќи удобниот живот води кон паралелна реалност. Токму тоа се сега се случи со Европа, наведе Буданов.
Тој изрази надеж дека нема да се случи „варварска инвазија“, но „ако тоа се случи денес од некоја причина, резултатот ќе биде очигледен“.
Според Буданов по завршувањето на војната во Украина, Русија би можела да го прошири опсегот на своите офанзивни дејствија.
– Се повикувам барем на информациите што ги имам. Додека не завршат воените операции (во Украина), ништо нема да се случи во Европа … Европа сè уште има време да се подготви до 2030 година, но Русите ги скратуваат роковите, истакна Буданов.
ноември 21, 2025

