Connect with us

Фудбал

Меси ја доби наградата за најдобар играч на Барселона во 21 век

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, ја доби наградата за најдобар играч на Барселона во 21 век од спортското издание „Sport.es“.

Директорот на изданието, Жоан Вегилс, отпатува во Мајами за да му го врачи трофејот на 38-годишниот Аргентинец на тренинг-центарот на неговиот сегашен клуб. 

– Вистината е дека поминавме низ многу работи заедно, добри и лоши. Нормално е дека во толку долга кариера, сè не оди глатко и мора да се издржат тешки моменти. Но, ова е мојот дом, моето место, моите луѓе. Секако, ќе се вратам. Ќе одам на стадионот како и секој друг навивач, поддржувајќи го тимот, клубот, рече Меси.

Поради зафатен распоред, Меси не можеше да отпатува во Мадрид за церемонијата. По церемонијата на доделување на наградата на Меси, беше прикажано видео од навивачите на Барселона кои му се заблагодаруваат за неговите години во клубот и градот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2