Свет
Лукашенко помилува двајца католички свештеници обвинети за тешки дела
Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува двајца католички свештеници кои беа обвинети за тешки кривични дела против државата. Според белоруски медиуми, свештениците веќе се пуштени од притвор.
Оваа одлука е продолжение на поширокиот процес на помилување што белорускиот лидер го спроведуваше во текот на септември, кога со указ ослободи 25 лица, вклучувајќи и осудени за екстремизам. Меѓу помилуваните имало 12 жени и 13 мажи, од кои дури 19 се помлади од 40 години. Повеќе од нив имаат семејства, а една од осудените жени е мајка на повеќе деца. Забележан е и случај на лице кое кривичното дело го сторило како малолетник.
Како што е наведено, сите помилувани ја признале вината, изразиле покајание и се обврзале дека во иднина ќе водат живот во согласност со законот.
Веднаш потоа, Лукашенко разговараше со претставникот на американската администрација Џон Кол за можноста за постигнување „глобален договор“ кој би вклучувал ослободување на одреден број лица осудени во Белорусија.
ноември 20, 2025

