Connect with us

Фудбал

Курасао стана најмалата земја што се квалификуваше на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Курасао е победник во Групата Б во квалификациската рунда за Светското првенство 2026 година и се квалификуваше за турнирот.

Селектор на Курасао е Дик Адвокат.

Курасао е најмалата земја што се квалификувала за Светското првенство. Населението на островот во јужниот дел на Карибите е приближно 150.000.

Претходната земја со најмал број жители што се натпреварувала на Светско фудбалско првенство беше Исланд (334.000).

Светското првенство ќе се одржи во 2026 година во Канада, САД и Мексико. За прв пат, 48 екипи ќе учествуваат на турнирот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4