Економија
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандамнската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени беа 203 амандмани, а неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Вчера беа одбиени неколку амандани, а прифатен амандман со којшто за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање.
Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, вкупните расходи на износ од 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).
ноември 19, 2025

