Connect with us

Свет

Паскал Донахју поднесе оставка од функцијата претседател на Еврогрупата

Паскал Донахју денеска поднесе оставка од функциите претседател на Еврогрупата и ирски министер за финансии, со цел да ја преземе должноста управен директор во Светската банка. 

Во оставката, Донахју посочува дека можноста да служи како претседател на Еврогрупата била една од неговите најголеми почести и му било привилегија да ја извршува таа должност на која бил целосно посветен, а сега во време на големи промени во светот сака да го стори истото и со работата во Светската банка, која, како што вели, е витална институција на глобално ниво. 

– Работејќи со колегите во Еврогрупата, се соочивме со многу предизвици, вклучувајќи ја Ковид пандемијата, ефектите од зголемената инфлација поради неоправданата војна врз народот на Украина и последиците за Европа од брзо менувачкиот свет, наведе Донахју, кој ја извршуваше функцијата претседател на Еврогрупата од јули 2020 година. 

Тој истакнува дека за време на неговото раководење со Еврогрупата во соработка со неговите колеги го зајакнале еврото, кое, како што вели, е повеќе од само економски проект и е демонстрација на заеднички европски вредности. 

– Верувам дека го унапредивме еврото, вклучително и преку координација на буџетските политики, проширувањето со вклучување на Хрватска и Бугарија и нашата работа на Унијата на пазарот на капитал, Дигиталното евро и Банкарската унија. Важноста и придобивките од нашата меѓународна соработка беа клучна тема во мојот јавен настап, вели Донахју. 

Тој натаму додава дека сега му се појавила можноста „дополнително да придонесе за оваа соработка на различно ниво“ и наскоро ќе ја преземе должноста управен директор во Светската банка, поради што поднесува оставка од функциите претседател на Еврогрупата и министер за финансии на Ирска. 

– Задоволувањето на потребите на најранливите и справувањето со глобалните предизвици на нашето време никогаш не биле поважни. Мисијата на Светската банка е да „се стави крај на екстремната сиромаштија и да се поттикне заедничкиот просперитет на планета погодна за живот“. Таа игра водечка улога во нашиот свет преку развој на политики и финансиска поддршка што ја подобруваат економската отпорност и растот за толку многумина. Сакам да го изнесам аргументот за оваа работа. Оваа функција е можност да го направам тоа и да продолжам со јавната служба на поинаков начин, додава Донохју, 

Според процедурите на Еврогрупата, сега ќе почне постапка за избор на нејзин нов претседател, а дотогаш вршител на оваа должност ќе биде кипарскиот министер за финансии Макис Керавнос. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3