Економија
Мицкоски и Николоски на настан од Германско-македонската стопанска комора, можност за размена на искуства
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт, Александар Николоски, денеска присуствуваа на настан организиран од Германско-македонската стопанска комора, кој, како што велат бил одлична можност за вмрежување и запознавање со актуелните трендови и иницијативи во бизнис-заедницата.
Денеска присуствував на настанот организиран од Германско-македонската стопанска комора, каде што имав можност да слушнам корисни презентации и да размениме искуства со присутните. Настанот беше одлична можност за вмрежување и запознавање со актуелните трендови и иницијативи во бизнис-заедницата, напиша премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.
На состанокот присуствувал и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Раст на економијата, нови инвестиции и нови работни места е приоритет број еден. Политиките што ги спроведуваме ги насочуваме директно кон остварување на овие цели. Благодарност до Германската амбасада, до Германското стопанство во Македонија и Германскиот економски тим за придонесот и поддршката кон реализација на економските политики, напиша Николоски на неговиот Фејсбук профил.
Соработката со нашите меѓународни партнери, додава тој, нуди силна поддршка во поттикнување на економскиот раст, стабилноста на државата и одржливиот развој.
ноември 19, 2025

