Connect with us

Економија

Марјан Ристески: Сите наши оперативни мерки се во функција на младите

Сите активни мерки и оперативни планови што ги правиме се во функција на поддршка на млади креативни идеи, истакна Марјан Ристески, заменик министер во Министерството за економија и труд.

На денешниот форум во Битола на тема „Од младинско зајакнување кон институционална сопственост ПЕЛО“, Ристески најави и нови мерки прилагодени кон барањата на младите од пелагонискиот регион.

– Главен фокус на Министерството за економија и труд, и Владата се младите. Сите активни мерки и оперативни планови што ги правиме преку Агенцијата за вработување, како и други државни институции се во функција на поддршка на млади креативни идеи поврзани со нови бизниси и технологии. Мерките ќе се подобруваат и ние ќе се прилагодуваме секогаш кон интересот на младите со цел да ги задржиме во нашиот крај, но и да вратиме голем дел од младите што заминаа од овие краишта, истакна Ристески.

Според Фатмир Сабриу, државен секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади, проектите за младите се поуспешни низ меѓусекторска соработка.

– Со меѓусекторска соработка на институциите од централна и локална власт, на граѓанскиот сектор и бизнис секторот, може да се постигне успех. Посветени сме на создавање системски услови се со цел младите да останат тука, да градат кариера и да се развиваат професионално затоа што друг пат нема, нагласи Сабриу.

Реализацијата на проектот е поддржана од Кралството Холандија и таа е резултат на континуирана соработка со Про-Локал, изјави амбасадорката Узлем Џанел.

-Наш главен фокус се младите луѓе и нашата цел е да им дадеме перспективи за да не се иселуваат. Овој модел што ќе го користи Про-Локал е многу холандски и овозможува младите луѓе и младинските организации да се зближат со бизнисите. Ние сме задоволни од успехот што тука се постигнува и затоа го поддржуваме. Знаеме дека некои работи не се решаваат брзо но треба да се решаваат долгорочно, истакна амбасадорката Џанел.

Промоцијата на проектот и панел дискусија организираше битолското Здружение Про-Локал и со единствена цел младиот талент да се задржи во регионот, предочи Емилиа Героска, прв човек на Про Локал.

-Ги прашуваме бизнисите, што е тоа што им треба за да креираат додадена вредност во своите производствени хали. Нови дигитални вештини, знаења за употреба на „зелени“ технологии и други вештини што ќе се втемелат во бизнисите. Токму Про-Локал со стотина млади ќе се обиде токму нив да ги задржи во општината. Нашата крајна цел е во регионот да создадеме Регионален Хаб кој што ќе биде центар за иновации, посочи Героска.

Во рамки на промотивниот настан, Про Локал со градоначалниците од регионот и Регионалната Стопанска комора потпишаа Меморандум за соработка.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4