Connect with us

Фудбал

Босна и Херцеговина пропушти шанса за директен пласман на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина игра одлични квалификации, тие веќе обезбедија бараж, но можат и директно до Светското првенство.

Босанците вечерва со почеток од 20:45 часот ѝ гостуваат на Австрија во меч кој ќе биде директен дуел за пласман на Светското првенство.

На БиХ ѝ е потребна победа за да заврши како прва во групата и да оди на Мундијал, Австријците би биле таму и со реми.

По седум одиграни кола Австрија е прва со 18 бодови, БиХ има 16. Австријците се фаворити во вечерашната пресметка, но јасно е дека тоа не е репрезентација од највисокиот фудбалски крем кога станува збор за националните селекции, па Босанците може да се надеваат на триумф.

Покрај Велс – Македонија и Австрија – БиХ, вечерва во квалификациите се играат и следниве дуели: Белгија – Лихтенштајн, Белорусија – Грција, Бугарија – Грузија, Косово – Швајцарија, Романија – Сан Марино, Шкотска – Данска, Шпанија – Турција и Шведска – Словенија.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4