Connect with us

Свет

Мерц и Макрон на разговори во Берлин за европската дигитална независност

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, министри од земјите на ЕУ и деловни лидери денеска ќе имаат средба во Берлин за да разговараат за начините на кои Европа може да ја намали зависноста од неевропски технолошки компании.

На Самитот за европски дигитален суверенитет се очекува да присуствуваат делегации од 23 земји. Мерц и Макрон треба да ги одржат главните говори.

Се очекуваат повеќе најави за соработка и инвестиции од германски и француски компании во области како што се компјутерската инфраструктура, квантната технологија, здравството, одбраната и дроновите, соопштија владини извори во Берлин.

Централен фокус на Самитот ќе биде клауд компјутингот (cloud computing) и како Европа може да развие сопствена безбедна инфраструктура за складирање на владини и корпоративни податоци.

Во моментов, големите американски компании како Амазон, Мајкрософт и Гугл доминираат на пазарот на клауд компјутинг. На Самитот ќе се разговара и за користењето софтвер во владините агенции и јавната администрација.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1