Connect with us

Останати спортови

Одбојкарки на Струмица жени освоија три бода во Битола

Одбојкарките на Струмица жени по два порази во низа викендов запишаа важна победа на гостувањето во Битола, кај Пелистер Волеј во шестото коло од Првата македонска лига жени.

Девојките на Вардар ЕМ, исто така, стигнаа до победа која може да биде значајна за нив, со победата од 3:1 над градскиот ривал Фит Фан Волеј. Со овој триумф „црвено-црните“ влегоа во победничка низа во најсилното домашно женско друштво.

Лидерот Работнички Скопје и Наковски Волеј, кој со еден бод е зад него на табелата, држат позитивен ритам од самиот старт на сезоната и досега се непоразени во првенството. Токму поради тоа и нивниот меѓусебен дуел следната недела ќе биде во центарот на вниманието.

Последниот натпревар од шестото коло кај дамите, кое носи епитет дерби ќе се игра в понеделник во СЦ „Форца“ кога се соочуваат Газели Волеј и Јанта Волеј КВ.

Резултати 6. коло:
УСКАНА – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 0:3 (17:25, 14:25, 12:25)
ВАРДАР ЕМ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3:1 (25:13, 21:25, 25:16, 25:23)
ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – СТРУМИЦА ЖЕНИ 1:3 (21:25, 23:25, 25:22, 12:25)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД 3:0 (25:20, 25:18, 25:14)
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 17.11.2025 20:30 часот. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2