Фудбал
Мартинез: Неправедно е да се изрече долга забрана за Роналдо, тој реагираше на провокација
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, даде свое видување за црвениот картон на Кристијано Роналдо во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Република Ирска (0:2).
Роналдо беше исклучен поради удирање со лакт на противничкиот дефанзивец Дара О’Шеј, кој претходно го повлече за дресот 40-годишниот напаѓач на Ал-Наср.
– По натпреварот беше тешко да се дефинираат емоциите. Ја видов неговата реакција на провокацијата. Започна од самиот почеток на натпреварот, во секој инцидент во шеснаесетникот. Дури започна и претходниот ден на прес-конференцијата. Кристијано се обиде да продолжи да игра. Другите можеа да паднат на теренот и да чекаат пенал. Тоа беше реакција на провокацијата. Би рекол дека би било крајно неправедно да се изрече долга суспензија, рече Роберто Мартинез.
Португалија утре од 15 часот ја пречекува Ерменија во квалификациите за Светското првенство 2026 година
ноември 16, 2025

