Економија
Годинава помалку договорени и извршени работи на македонската градежна оператива во странство
Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 134 137 илјади денари, што е за 63.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за стстистика.
Во наведениот период, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 106 188 илјади денари, што е за 29.2 % помалку споредено со лани.
ноември 14, 2025

