Connect with us

Вести

ФЗО одбележа 25 години од основањето

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето.

Директорот на Фондот Сашо Клековски во својата презентација истакна дека ФЗО има 1.840 000 осигуреници, од кои 1.200 000 се носители на здравственото осигурување.

Буџетот на Фондот е 53 милијарди денари, а за здравствено осигурување се плаќа 3000 денари месечно. Ваквото вложување, како што кажа, е доволно и е на ниво на средноразвиени земји.

Во своето обраќање Клековски изнесе низа статистички податоци за тоа колку се вложува во јавното здравство и колку услуги испорачуваат здравствените работници, колку лекови се на позитивната листа, колку лица се лекуваат во странство итн.

– Овој здравствен систем испорачува. Да има недостатоци, ама испорачува, нагласи директорот на ФЗО.

Клековски зборуваше и за тоа што треба да се направи во иднина за подобрување на здравствените услуги за граѓаните, како реорганизација и регионализација на здравствениот систем.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски зборуваше за посветеноста на Владата за подобрувања во јавното здравство.

-Можам да кажам дека она кое што го видовме покажува дека полека но сигурно Фоднот го враќа својот интегритет и единствениот начин е бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски. Потенцираше дека борбата против криминалот и корупцијата претставува главен приоритет и оти тој лично го следи тоа одблиску и оти треба да се подобруваме.

Мицкоски исто така тој ја искористи оваа прилика во свое име и во име на Владата да им се заблагодари на сите здравствени работници и други лица кои беа вклучени во прифаќањето на пациентите од пожарот во Кочани.

На одбележувањето на 25 годишнината од функционирањето на Фондот беа прикажани видеа за развојот на оваа институција, но и за итната помош што здравствените власти и Фондот ја направиле за трансплантација на срце кај дете.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2