Connect with us

Фудбал

Нигериската репрезентација ги бојкотира тренинзите во пресрет на плејофот за пласман на СП 2026

Фудбалерите на репрезентацијата на Нигерија ги бојкотираа тренинзите два дена пред почетокот на плејофот за квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Според „Blueprint.ng“, бојкотот е поради нерешени проблеми со исплатата на бонуси.

-Целиот состав, вклучувајќи ги и службените лица, го бојкотираа денешниот тренинг во Мароко поради нерешени заостанати плаќања, се вели во соопштението на играчите.

Нигерија треба да игра против Габон утре во Рабат со поечток во 17 часот. Победникот ќе игра против поуспешниот од натпреварот Камерун – ДР Конго, за место на Светското првенство во 2026 година

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3