Connect with us

Фудбал

Лапорта за можното враќање на Меси: Не е време за шпекулации

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, се произнесе за честите гласини за можното враќање на напаѓачот Лионел Меси во клубот како краткорочна позајмица.

-Од почит кон Меси, нашите играчи и нашиот персонал, сега не е време да се шпекулира врз основа на нереални сценарија, изјави Лапорта за шпанските медиуми.

Пред два дена 38-годишниот Аргентинец го посети реновираниот „Камп Ноу“, објавувајќи фотографија од арената на социјалните мрежи.

Меси играше за каталонскиот клуб од 2003 до 2021 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2