Фудбал
Паладино официјално го наследи Јуриќ во Аталанта
Италијанскиот фудбалски прволигаш Аталанта го назначи денеска Рафаеле Паладино за нов тренер, ден откако клубот од Бергамо му врачи отказ на Хрватот Иван Јуриќ.
„Рафаеле Паладино потпиша договор до 30 јуни 2027 година“, се наведува во соопштението на освојувачот на Лига Европа во 2024 година.
Поранешниот италијански репрезентативец, 41-годишниот Паладино, ја почна својата тренерска кариера во Монца, првично работејќи во младинските категории, пред да го преземе првиот тим во 2022 година. Неговиот последен ангажман беше на клупата на Фиорентина.
Аталанта е четвртиот клуб од Серија А што го смени тренерот оваа сезона по Јувентус (Игор Тудор е заменет со Лучано Спалети), Џенова (Патрик Виеира е заменет со Даниеле Де Роси) и Фиорентина (Стефано Пиоли на местото на Паоло Ваноли).
ноември 12, 2025

