Фудбал
Три екипи со максимален ефект по првите четири кола во Лигата на шампионите
Во фудбалската Лига на шампиони синоќе се комплетира четвртото коло по кое три екипи се со максимален ефект.
Баерн Минхен, Арсенал и Интер имаат четири победи (12 бода), непоразен е уште и Манчестер сити (10 бода) со три победи и еден нерешен резултат.
На табелата во горниот дел се и ПСЖ, Њукасл, Реал Мадрид, Ливерпул и Галатасарај со по девет освоени бодови.
Без ниту еден освоен бод на последните две места (35. и 36. позиција) се Бенфика и Ајакс.
ноември 6, 2025

