Connect with us

Тенис

Втора победа за Рибакина во групата на Завршниот турнир

Елена Рибакина ја оствари втората во групата на Завршниот турнир во Ријад откако попладнево ја совлада Ига Швјонтек со 2:1 во сетови. Таа направи голем пресврт, откако го загуби првиот сет со 3:6 во гемови во следните два беше убедлива и загуби само еден гем добивајќи ги сетовите со 6:1 и 6:0 во гемови.

Рибакина на овој начин направи исчекор кон полуфиналето и првото место во групата. Во моментов таа е прва со скор од 2-0 (победи-порази), Швјонтек има скор 1-1, а Мидлтон Кејс и Аманда Анисимова имаа скор 0-1.

Овие две тенисерки го играат мечот од второто коло.

Во другата група настапуваат: Арина Сабаленка, Џесика Пегула, Коко Гоф и Јасмине Паолини.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2