Фудбал
Меси има силна желба да игра на Светското првенство 2026
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, одговори дали би играл на Светското првенство во 2026 година.
-Желбата е тука и е огромна. Но, важно е да се чувствувам добро за да бидам корисен, да помогнам и да играм на највисоко ниво, изјави Меси.
Репрезентацијата на Аргентина е актуелен светски шампион.
Домаќини на Светското првенство во 2026 година ќе бидат САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули.
ноември 3, 2025

