Connect with us

Фудбал

Слот задоволен, а Ливерпул во голема криза

По освоената титула и петте победи на стартот од Премиер лигата првакот Ливерпул беше во одлична позиција. Но, потоа следува серија порази на „црвените“ од кои четири во низа во домашното првенство.

Покрај тие порази Ливерпул загуби и од Галатасарај во Лигата на шампионите, а избраниците на менаџерот Арне Слот се елиминирани и од Лига купот со домашен пораз од Кристал Палас. Единствената светла точка во периодот од средината на септември е победата на гости против Ајнтрахт (5:1 на гости).

Во пресрет на саботниот дуел од Премиер лигата на домашен терен со Астон Вила Слот изјави:

Ништо не ни недостасува. Среќен сум со тимот што го имаме. Имаме три-четири играчи кои се надвор од тренажен и натпреварувачки процес. Ни останаа 16 играчи, сметам дека 20-21 играч се доволни, но само ако се здрави како што имавме среќа минатата сезона.

Ливерпул во летниот преоден рок потроши повеќе од 400 милиони фунти за нови фудбалери, но тие тешко се прилагодуваат, а некои од нив се на листата повредени.

Во пресрет на дуелот со Астон Вила за Слот позитивно е тоа што од повредата во полн тренинг се врати еден од клучните играчи во средина на теренот Рајан Гравенберх.

По девет одиграни натпревари Ливерпул е на седмото место со 15 бодови, или седум помалку од лидерот Арсенал. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг