Connect with us

Фудбал

ПСЖ „тргнува“ по Винисиус

„Ел Класико“ заврши со победа на Реал Мадрид од 2:1 против Барселона. Но, дербито доби една сосема друга димензија откако во 71.минута тренерот на „кралскиот клуб“ Чаби Алонсо од игра го извади Бразилецот Винисиус Жуниор. Тој жестоко реагираше замина во соблекувалната и дури потоа се врати на клупата за резерви. Винисиус се извини на соиграчите, а Алонсо изјави дека тоа ќе биде решено во внатре во тимот.

Француски медиум пренесува дека ПСЖ во своите планови го има Винисиус, како „мегаѕвезда“ и е подготвен за обесштетување од 200 милиони евра. Винисиус е подготвен за заминување од Реал Мадрид и тоа би можело да биде единствениот клуб каде би можел да направи трансфер откако веќе одби неколку понуди од Саудиска Арабија и други екипи. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг