Connect with us

Фудбал

Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување

Фудбалерите на Вардар се вратија на првото место на табелата откако вечерва во последниот дуел од 11.коло на домашен терен го совладаа Силекс со 2:1. Победникот беше решен во судиското надополнување на вториот дел кога во шеснаесетникот на гостите играч на Силекс играше со рака, а по прегледаната ВАР снимка судијата Фатмир Бафто покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Мато во 100.та минута (90+10).

Инаку, Вардар поведе со одличниот гол на капитенот Азер Омерагиќ во 9.минута, а пет минути подоцна изедначи Алдин Хрвановиќ. Тоа беше и резултат по првиот дел. Во второто полувреме Вардар имаше шанси, но до промена на резултатот не дојде. По едно недоразбирање голманот на Силекс Ључпе Џеков во 83.минута поради фаул надвор од шеснаесетникот доби црвен картон, а Вардар потоа со голот од пенал дојде до победата.

Во првиот денешен натпревар Брера – Шкендија 2:3.

Табела: Вардар 27 бодови, Струга 26, Шкендија 24, Силекс 21, Башкими 19, Брера 15, Македонија ЃП 14, Арсими 12, Тиквеш 9, Пелистер 8, Работнички 7, Шкупи 1.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг