Connect with us

Фудбал

Ефикасен натпревар со пет голови во Струмица

Првиот денешен натпревар од 11.коло од Првата фудбалска лига, одигран во Струмица меѓу Брера и Шкендија заврши со победа од 3:2 на гостите од Тетово. Два тима одиграа ефикасен натпревар со пет голови, а домашниот тим не реализираше и удар од белата точка.

Првакот Шкендија со головите на Фитон Адеми и на Ване Крстевски дојде до предност од два гола во првиот дел. На почетокот на вториот дел Брера намали преку Фах Ндзенге. Гостите од Тетово ја вратија предноста од два разлика со голот на Ендрит Красниќи. Стрелецот на голот за Брера Ндзенге не реализираше пенал, кој голманот Гаје го одбрани. Сепак истиот играч постигна и втор гол и намали на 2:3. Но, немаше повеќе голови до крајот на дуелот.

Шкендија со 24 бодови се проби на третото место на табелата или два помалку од лидерот Струга. Тимот од Тетово има ист број бодови со Вардар.

Последниот дуел од оваа рунда се игра попладнево со почеток во 17 часот меѓу Вардар и Силекс.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг