Connect with us

Фудбал

Барселона најмалку шест недели без Педри

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри, кој се повреди минатата недела во дербито против Реал Мадрид, мина дополнителни медицински тестови кои покажале повредата на левиот тетивен мускул е посериозна отколку првичните претпоставки, што значи дека неговото закрепнување ќе трае најмалку шест недели.

Дваесетидвегодишниот шпански репрезентативец нема да биде во составот на Барселона за претстојните натпревари во шпанското првенство и во Лигата на шампиони против Елче, Бриж, Селта, Атлетик Билбао, Челзи, Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис.

Педри, исто така, ќе биде надвор од составот на Шпанија за завршниот ноемвриски квалификациски циклус за пласман Светското првенство 2026 и дуелите против Грузија и Турција.

Во најдобар случај, Педри би можел да се врати на теренот за натпреварот од Лигата на шампиони против Ајнтрахт Франкфурт на 9 декември.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг