Connect with us

Фудбал

ПФЛ: Струга со победа се врати на првото место

Екипата на Струга постигна победа од 2:1 на денешниот прв натпревар од 11.коло од Првата фудбалска лига. Шкупи беше „административно“ домаќин во Струга, а тоа го искористија стружани кои преку Басиру Компаоре поведоа во 24.минута. Шкупи изедначи на 1:1 во 56.минута стрелец од пенал беше Сухејљ Муарем откако претходно Диако доби црвен картон. Струга и со играч помалку стигна до ново водство од 2:1 со вториот гол на Компаоре, овојпат од белата точка.

Со новите три бодови Струга се врати на првото место на табелата со 26 бодови, пред Вардар со 24 и Силекс и Шкендија со по 21, додека Шкупи остана на последното место со само 1 бод.

Попладнево од 17 часот се игра вториот денешен дуел во Битола Пелистер е домаќин на Тиквеш.

Оваа рунда ќе биде комплетирана со утрешните два дуела: Брера – Шкендија (почеток 13:30 часот) и Вардар – Силекс (почеток 17 часот). 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг