Останати спортови
Неизвесно продолжението на Светскиот куп во скијање
 
																								
												
												
											Неочекувани проблеми на стартот од сезоната во Светскиот куп во скијање. Изминатиов викенд се одржаа првите две трка – велеслалом (мажи и жени). Како што е познато стартот на сезоната е во Зелден и тоа е последниот викенд во октомври.
Но, по трките во Зелден неизвесно е како ќе продолжи сезоната. Планирани се трки во слалом во финскиот Леви на 15 и 16.ноември. Но, тука почнуваат проблемите бидејќи на две седмици до трките нема снег во финскиот зимски центар. Леви се наоѓа во областа Лапонија на северот на земјата, каде зимата доаѓа и порано. Сепак оваа година тоа не е случај. Температурата е неколку степени над нулата, некарактеристично за овој регион.
Најавите се дека температурата ќе биде под нулата, но врнежи од снег нема во најава што на организаторите им создава проблеми, па ќе мора да се користи најверојатно вештачки снег за да се одржат трките.
октомври 31, 2025
 
											 
											 
											 
								 
								

 
								 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										